Ракометарите на Металург со победа над Еурофарм Работник ја завршија сезоната во домашното првенство.
Во првиот натпревар од последното 10.коло на Плејоф лигата, одигран во спортската сала „Младост“ во Битола, Металург го победи Еурофарм Работник со 22-24 полувреме 7-11 со што и теоретски остан во игра за титулата.
Кај Металург најефикасни беа Кузмановски со 7 и Дрогрипшки со 4 гола, додека Петровски со 5 и Адли и Чурлевски со по 4 гола беа најпрецизни кај домаќините.
Во останатите два натпревари од 10. коло утре играат Охрид и Пелистер, а натпреварот Борец – Вардар е одложен за 7 јуни. Со победа на овој натпревар вардарци и математички ќе ја одбранат титулата.
Табела: Металург 27 бодови (+1 натпревар повеќе), Вардар 24, Еурофарм Работник 12 (+1), Охрид 12, Пелистер 9, Борец 0.