Нова железничка пруга во Кенија по повеќе од сто години

Од:

Во Кенија оваа недела ќе биде претставена првата нова железничка линија по повеќе од еден век. Железницата ќе ги поврзува главниот град на Кенија, Најроби со пристанишниот град Момбас, а утре ќе бидат превезени првите патници на маршрута долга од 472 километри.

Новата железничка линија е најголем инфраструктурен проект во Кенија од стекнувањето на независноста и е дел од „мастер планот“ на источноафриканските лидери своите земји да ги поврзат со железница.

На 30 мај 1896 година тогашната колонијална сила Британија ја почна изградбата на железничката пруга на просториите на денешна Кенија за подобрување на пристапот до богатството на Уганда. Токму таа пруга е заслужна за она што Кенија е денес.

Главниот град Најроби, денес регионален центар, беше мочурлива населба без ниту една атракција се додека не стана седиште на „Железници Кенија“.

Изградбата, која чинеше 3,2 милијарди долари е финансирана од Кина што би требало да и помогне на таа земја да ја зацврсти позицијата на капија кон Источна Африка.

Би можело да ве интересира

Кенија: Масовни демонстрации во Најроби, запален дел од парламентот

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“