На иницијатива на Министерството за информатичко општество и администрација денеска ќе се одржи конференција на тема „Управување со квалитетот во јавниот сектор – Заедничка рамка за оценка- ЦАФ“.
Целта на конференцијата е да се подобри квалитетот на работењето во институциите во државата. На отворањето ќе се обрати заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска-Томовска.
Свои искуства од имплементацијата на ЦАФ стандардот, на собирот ќе презентираат претставници од државните институции, како и претставници од институции од Франција, Германија и Австрија.