Вилата во облик на коцка од 200 метри квадратни е сместена насред холандска борова шума. Објектот покрај за одмор и релаксација дизајнирана е и за секојдневен живот.
Помеѓу приземјето и највисокиот кат се наоѓа базен. Истиот кат има и таван обложен со рефлектирачки стакла кои не се транспарентни. Со тоа третиот кат е изолиран и е далеку од приватната зона. На последниот кат сместени се две спални соби со две посебни бањи.
Главната спална соба има визуелен контакт и пристап до базенот, додека во приземјето сместени се дневната соба и кујната.
Јужната фасада е комплетно од стакло, а сите стаклени ѕидови се мобилни и може да се стават во страна.
Централните скали ги спојуваат сите три ката, поминуваат покрај базенот, кој е затворен со стаклени површини