Макрон го пречека Путин во Версајскиот дворец

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го пречека неговиот руски колега Владимир Путин во Версајскиот дворец, каде двајцата ќе разговараат за надворешнополитички теми, јави ТАСС.

Ова е прва средба на Путин со новоизбраниот француски претседател, откако тој стапи на функција.

Пред почетокот на средбата во дворецот се одржа церемонија за пречек на рускиот претседател.

По средбата двајцата претседатели ќе одржат заедничка прес-конференција.

Путин и Макрон, исто така ќе го посетат и дворецот Голем Трианон, што се наоѓа во паркот на Версај, со цел да ја разгледаат изложбата за 300-годишнината од патувањето на Петар Први до Франција.

Би можело да ве интересира

Хамас: Француското признавање на палестинската држава до јуни би било важен чекор

Девет лица загинаа во напад на украинската армија врз селото Махновка во Русија

(ВИДЕО) Русија преку реклами регрутира граѓани од Кина: Се нуди сместување и добра плата

Зеленски ја обвинува Русија дека систематски регрутира кинески борци за војната во Украина

Русија: Царините на Трамп ни отвораат нови можности

Макрон: Франција планира да ја признае палестинската држава во наредните месеци