Целосно реновирано најстарото училиште во Велес „Св. Кирил и Методиј“

Од:

Заврши реконструкцијата во Основното училиште „Свети Кирил и Методиј“ кое е најстаро во Велес. Во втората фаза е обновена фасадата на стариот објект и се заменети подовите во 15 училници.

Градежните зафати беа извршени заедно со Министерството за образование и наука. Инвестицијата во оваа фаза изнесува 3,3 милиони денари, кои се дел од проектот „Реконструкција на средни и основни училишта во Република Македонија“. Со вложените 5,9 милиони денари во првата фаза, во реконструкцијата во двете фази заедно се инвестирани речиси 10 милиони денари.

Градоначалникот на Велес Славчо Чадиев е задоволен од реконструкцијата на училиштето.

– Прво се изврши рехабилитација на покривот, двете згради на училиштето, подовите, надворешната столарија и фасадата на поновиот објект. Инвестицијата во првата фаза изнесуваше 5,9 милиони денари. Со сегашната инвестиција во реконструкцијата е инвестирано близу 10 милиони денари, информира Чадиев.

Директорката на училиштето Анита Мирчева истакна дека со реконструкцијата, ОУ „Свети Кирил и Методиј“ е меѓу најубавите училишта во Велес, но и во Македонија.

– Условите за настава сега се одлични. Тоа е голема придобивка за учениците, но и за нас вработените, оцени Мирчева.

ОУ „Св. Кирил и Методиј“ е едно од најстарите училишта во Македонија, осовано во далечната 1857 година и годинава слави 160 години. Во него учеле многу познати велешани меѓу кои и Кочо Рацин.

Истовремено, со средства на Општина Велес извршена е реконструкција во топловодниот систем во училиштето, со што се надминати проблемите со затоплувањето. Монтиран е и нов парен котел со поголема моќност од претходниот.

Во наредниот период преостанува да се уреди и спортската сала. Како што информираше Чадиев, во изминатите четири години Општина Велес самостојно, како и заедно со Министерството за образование и наука, направи реконструкции во сите основни и средни училишта во градот, при што се инвестирани над еден милион евра.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Горан Наумовски

Се загади воздухот во Велес од пожарите на планините Мукос и Бабуна

Предраг Петровиќ