Деца му пишуваат на Брејвик

Од:

Норвешкиот масовен убиец Андерс Беринг Брејвик добива во затворот писма од деца и младинци. Раководството на затворот „Ила“ смета дека проблемот е толку сериозен така што се воспоставени контакти со општинските социјални служби, јави дописникот на МИА.

– Станува збор за најразновидни писма, од детски цртежи па се до писма од политички ангажирани млади, изјави адвокатот на Брејвик, Торд Јордет.

Директорот на затворот „Ила“ не сака да го коментира ова прашање, но познато е дека се остварени контакти со социјални установи. Откако надлежните социјални служби воспоставиле контакт со родителите на децата кои му пишале на Брејвик, бројот на писмата кој тој ги добива во затворската ќелија е намален.

Затворот „Ила“ има целосна контрола врз Брејвиковото допишување и досега, меѓу другото, се стопирани 150 писма кои масовниот убиец имал намера да ги испрати на негови приврзаници и симпатизери ширум светот, јави Норвешкото радио.

Би можело да ве интересира

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Синот на норвешката принцеза заврши во притвор: Нападна жена, таа доби потрес на мозокот

Предраг Петровиќ

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

Норвешка ги заостри ограничувањата за влез на руските граѓани