Дела на Урошевиќ и Андоновски претставени на Фестивалот на словенските култури во Москва

Од:

Во Серуската државна библиотека во Москва во саботата беше отворен Фестивал на словенските култури во рамки на Деновите на словенската писменост кои се одбележуваат низ цела Русија.

Како што информира Олга Панкина, претседател на Македонскиот културен центар кој ги промовира македонските културни вредности во Русија, на фестивалот била промовирана поетската книга „Пејач во култата“ од Влада Урошевиќ, која неодамна беше објавена од Центарот за книга „Рудомино“. Настанот го водел раководителот на литературно-издавачкиот оддел на Библиотеката Јуриј Фридштејн кој истакнал дека книгата е вистински подарок за руските читатели.

Олга Панкина, која ги препеа песните, им објаснила на присутните што посебно ја привлекло во поезијата на Влада Урошевиќ, а литературниот критичар Андреј Базилевски, поет и преведувач, кој е автор на предговорот за книгата, резимирал дека на читателите им е дадена ретка можност да запознаат уште еден голем словенски поет.

Втор настан на фестивалот за кој имало многубројна публика бил онлајн-читањето на „Азбука на непослушните“ од Венко Андоновски.

Покрај овие две книги, Издавачкиот центар „Рудомино“ ги има објавено и: „Вежби за ибн Пајко“ од Оливера Николова, „Храпешко“ од Ермис Лафазановски, „Водена пирамида“ од Луан Старова, „Дваесет и првиот“ од Томислав Османли.

Голем интерес од публиката имало и за изложбата „Душа на Македонија“ на московскиот сликар Александар Белугин, кој преку сликарството ги изнел своите впечатоци од неговите престои на ликовните колонии во Македонија.

Изложбата ја отвори Олга Панкина во својство на претседател на Македонскиот културен центар во Русија.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски