Министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми и швајцарскиот амбасадор Стефано Лазарото денеска ќе потпишат меморандум за разбирање за спроведување на проектот за обнова на екосистемот на Преспанското Езеро.
Проектот ќе се реализира во текот на наредните шест години од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и општина Ресен.
Финансиската поддршка на проектот е во вредност од пет милиони швајцарски франци, обезбедена од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка.