Епископот Велички Гаврил Светогорец ќе биде канонизиран за светител

Од:

Одлуката на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија за впишување на епископот велички Гаврил Светогорец во списокот на светиите ќе биде објавена денеска на светата архиерејска литургија што ќе се одржи во Соборниот храм „Св. Никола“ во Штип.

На канонизација на епископ Гаврил Велички Светогорец ќе присуствува и претседателот на Владата на Република Македонија, Емил Димитриев.

Со литургијата ќе чиноначалствува архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во сослужение на членовите од САС на МПЦ-ОА.

Светите мошти на епископот Гаврил ќе бидат изложени во Соборниот храм во Штип.

Православната брегалничка епархија вчера во Соборниот храм го почна чествувањето по повод 50 години од возобновувањето на Охридската архиепископија како Македонска православна црква и впишувањето на епископот велички Гаврил Светогорец во списокот на светиите. Прославата почна во 18 часот со вечерна богослужба на која чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Би можело да ве интересира

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите