Државна матура во дебарско полагаат 220 ученици

Од:

Во трите средни општински училишта во општините Дебар, Центар Жупа и Маврово Ростуше, првиот екстерен испит од државната матура, мајчин јазик и литература помина без проблеми.

– Во нашата установа првиот екстерен испит од државната матура го полагаа 26 ученици. Наставата се следи на мајчин македонски јазик, па тоа значи дека сите полагаа македонски јазик и литература. Како и во изминатите години и сега немаше никакви проблеми, се мина во најдобар ред, изјави Бајрам Требишки, директор на гимназијата „Маврово и Ростуше“ во Ростуше.

Во дебарската гимназија „Здравко Чоковски“ мајчин јазик и литература полагаа 165 уеници, од нив 58 македонски јазик и 107 албански јазик и литература.

Полагањето денеска почнало и навреме завршило и во гимнаијата „АТА“ во Центар Жупа каде македонски јазик и литература полагале 8 ученици, додека турски јазик и литература 21 ученик.

Првпат сите 220 ученици од завршните години во трите гимназии пријавиле полагање државна матура.

Би можело да ве интересира

Воведена e забрана за тешки возила на патниот правец Маврово–Дебар

Работник падна од зградата каде работеше – почина на пат кон болница

А1он

Откако мечка се појави на булеварот во Дебар: Не трчајте, побрза е од вас

Предраг Петровиќ

Поради врнежи од снег забрана за тешки товарни возила на патот Дебар – Маврово

Повторно е одложено судското рочиште на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето за случајот со родилката Веапоска

Штипјанец низ Дебар возел со 1,81 промили алкохол во крвта