ИД ја презеде одговорноста за нападот врз автобусот со христијани во Египет

Од:

Радикалната Исламска држава денеска соопшти дека нејзини припадници се одговорни за пукањето во кое беа убиени повеќе десетици египатски христијани, јавија британските медиуми.

Во вчерашниот напад на вооружени лица врз автобус со христијани Копти, јужно од Каиро, кои оделе кон манастирот „Свети Самоил“ во Минја, на југот од Египет, погинаа 29 лица, од кои повеќето деца, јавија денеска египетски официјални претставници.

Египетската државна телевизија јави дека египетската војска денеска продолжи со воздушните напади врз камповите за обука на екстремистите надвор од земјата.

Авионите на египетското Воено воздухопловство вчера изведоа шест воздушни напади врз камповите во Либија, каде се верува дека екстремистите одговорни за нападот врз христијаните во Египет биле обучувани.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски