Двете американски вселенски сонди, што повеќе од една година ја истражуваа површината на Месечината, ја завршија својата мисија, разбивајќи се во карпа на природниот сателит на Земјата, пренесоа светските агенции.
НАСА одлучи да ги уништи двата вселенски апарата, откако тие речиси го истрошија своето гориво и веќе не можеа да продолжат со собирањето на неопходните информации.
Сондите „Еб“ и „Флоу“ доставија важни податоци за термалната историја на Месечината и нејзината површина, кои на научниците им даваат можност да добијат подобра претстава за формирањето на Сончевиот систем.