Јонхап – Сеул
Јужна Кореја, просперитетниот јазол на технологиите во Североисточна Азија, е и на второ место што се однесува до индустријата за видео игри, а локалниот пазар минатата година се проценува дека достигна 11,3 трилиони вони (9,9 милијарди долари).
Според податоци на Корејската агенција за креативни содржини, пазарот на видео игри во земјата се очекува да расте и да достигне 11,6 трилиони вони во 2017 година.
Овој раст е посебно побрз кај игрите за мобилни телефони. Пазарот за мобилни игри во земјата во 2016 достигна 3,89 трилиони вони, што е за 11,7 проценти повеќе од претходната година. Оваа бројка за годинава се очекува да достигне 4,2 трилиони вони.
Тука е седиштето на Нетмарбл гејмс, најголемиот корејски креатор и развивач на видео игри кој го потпиша мегахтиовот како „Лајнејџ 2: Револушн“.
Но јужнокорејските компании креатори на видео игри не се само големите компании од овој сектор.
На 22 април, независните креатори на видео игри се собраа во центарот на Сеул да учествуваат на фестивал чиј домаќин беше американскиот технолошки гигант Гугл инк., и беа претставени наслови кои ќе им конкурираат на оние на големите играчи.
Иако се смета дека насловите кои ги исфрлаат независните креатори на видео игри имаат слаба графика или акција, во споредба со оние кои ги лансираат големите имиња, развивачите на игрите велат дека се горди на уникатноста и атрактивноста на нивните содржини.
Џанг Хавранг, од ИГ софт, е еден од нив кој е горд на успехот и покрај малиот број на луѓе кои работата на нив и на ограничениот капитал.
– Нашата игра „Форт Ран“ е доказ за игра која може со уживање да се игра насекаде, вели Џанг. „И покрај нејзината едноставност, исграта исто содржи постојано менување на содржината за да ги задржи играчите заинтересирани. Јас само бев заинтересиран да направам забавна игра“, објаснува развивачот.
Ким Киџунг од Лила софт, е уште еден кој основал независна компанија за креирање на видео игри чисто од ентузијазам.
– Сакав да основам компанија пред да биде доцна, рече 38-годишниот Ким. За време на собирот, Ким претстави игра со музички ритмови и со динамична содржина, која беше сосема поинаква од останатите игри на другите ривали.
– Како независен креатор на игри, се соочив со бројни пречки вклучувајќи и финансиски проблеми. Со цел да се натпреварувам со големите компании, нашата игра требаше да биде сосема поинаква, објаснува Ким. „Но една независна игра може да успее кога ќе понуди дијаметрално различно доживување за нејзините корисници“.
Иако глобалниот пазар за игри за мобилни уреди останува голем предизвик, некои од насловите веќе добија позитивен фидбек од странските пазари. Една од нив е „Милк чоко“, игра со пукање на фирмата ГејмПарадизо.
– Веќе имаме милион спуштања на играта од Гугл ап-стор, вели Шин Сеунг-хо, еден од креаторите на играта. „Имаме корисници не само од Јужна Кореја, туку и од САД, Тајван и Тајланд“.
Шин рече дека иако компанијата никогаш не направила голема реклама, играта се здобила со популарност преку социјалните медиуми.
– Сакавме да направиме компанија каде сите ќе работат и ќе се забавуваат. Исто се обидовме и финансиски да не ги оптеретуваме корисниците, рече Шин.
Ли Вумин, 20-годишен фан на независни игри вели дека обожува да игра игри кои се различни од оние на големите креатори.
– Игрите на големите компании се сите донекаде слични. Го вклучувате програмот и избирате херој во зависност од нивниот статус. Но кај независните игри, тие имаат оригинални идеи, вели Ли. „Да се биде поинаков е голема доблест кој ја прави играта уште позабавна“.
Во меѓувреме, малите креатори на игри без страв побараа од владата да донесе попрактични решенија за да им помогне на локалните фирми од играчката индустрија што подлабоко да навлезат на странските пазари.
– Независните креатори на видео игри тежнеат да бидат креативни наместо да ги следат последните трендови. Сепак финаисирањето од страна на владата се фокусира на најновите технологии како што е виртуелната реалност или други популарни жанрови, вели Шин.
Владата треба да ги пиочитува независните креатори кои претрпуваат неуспеси. Да се биде успешен во креирањето и развојот на игра е како да се добие на лото, подвлече тој.
Ким исто рече дека владата треба да овозожи програма за поддршка која ќе им помага на независните клреатори на подолг рок, наместо да им дава еднократна поддршка.
– Поддршката треба да продолжи и по претставувањето на играта. Со оглед на тоа што креаторите се соочуваат со пречки во целиот процес од развојото до нејзиното објавување, владата исто така треба да размисли да обезбедува помош и во тие апсекти, рече Ким.
Џанг Сујонг, кој е шеф на Киви вокс, го повтори духот на претприемачите и креатори на независни игри повикувајќи ги тие луѓе да не се наслонуваат на трендовите.
– Јужнокорејската индустрија на независни видео игри се уште има долг пат пред себе, рече Џанг. „Но со оглед на тоа што постојат креатори и развивачи кои имаат сила воља да се справат со тешкотиите кои се појавуваат на патот, верувам дека нивната иднина е светла“.