Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск ги повика денеска сите членки на Г-7 да ја реафирмираат политиката на санкции против Русија, поради Украина.
– Од последната средба на Г-7 во Јапонија не гледаме ништо, со кое ќе се оправда политиката на промена на санкциите. Затоа ги повикуваме сите членови на Г-7 да ја реафирмираат таа политика, рече Туск на прес-конференција пред отворањето на самитот на Г-7 во Таормина, Сицилија.
Против Русија има воведено меѓународни санкции поради анексијата на Кримскиот Полуостров и поддршка на проруските сепаратисти во Источна Украина.
Прашањето за укинување на санкциите често пати е покренувано. Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон сепак изјави неколку пати дека санкциите ќе останат во сила, откако целосно ќе се имплементираат спогодбите од Минск.
– Нема сомнение дека ова ќе биде еден од најкомплексните самити на Г-7, бидејќи на агендата има многу предизвици, со оглед на тоа дека некои од учесниците имаат многу различни ставови на теми на климатските промени и трговијата, рече Туск.