Современиот начин на живот ни донесе нови трендови, материјали во сите сфери на ентериерот па и кога станува збор за трпезариските маси.
Се почесто можеме да видиме маси кои се направени од пластика, стакло, метал или во некоја комбинација на овие материјали.
Но, ако сте од оние кои фантазираат за вистинска голема селска кујна со голема дрвена трпезариска маса полна со разни јадења, но за жал за такво нешто во вашиот простор нема место, ви преостанува да ги остварите вашите соништа во минијатура.
Доволно е плочата од масата да биде од дрво и впечатокот ќе биде одличен. Уште ако успеете да најдете мала рустикална плоча која ви одговара на вашиот простор, сте направиле полн погодок.