Неодамна објавените резултати од анкетата за задоволството на американските клиенти од услугите кои ги пружаат паметните телефони (ACSI) покажале дека најомилениот мобилен уред е AјФон SE на Епл.
Се чини дека овие резултати не одат на рака на производителите на мобилните телефони, кои се трудат да произведуваат уреди со се поголеми екрани.
Што точно влијаело на резултатот од анкетата не се знае, но експертите претпоставуваат дека купувачите биле привлечени од цената на АјФон SE.
Овој уред освоил 87 од можни 100 поени, однесувајќи ја победата пред бројните премиум модели, како iPhone 7 Plus, Samsung Galaxy S7 и Note 5.
Истражувањето исто така покажало дека купувачите се најзадоволни од брендовите на компанијата Епл.