Иванов на аудиенција кај папата Франциско

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во Ватикан ќе има аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, неговата светост папата Франциско, а ќе оствари средба и со државниот секретар на Светиот престол, кардиналот Пјетро Паролин.

На аудиенцијата како дел од државно – црковната делегација предводена од претседателот Иванов, ќе присуствува и министерот за надворешни работи Никола Попоски, кој ќе гопридружува Иванов на средбата со кардиналот Паролин во Апостолската палата.

Во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“ Иванов вчера ја посети базиликата „Свети Климент” во Рим каде положи венец на гробот на Св. Кирил.

Македонскиот претседател ја посети и базиликата „Санта Марија Маџоре“, каде на негова иницијата во знак на благодарност од името на целиот македонски народ во 2015 година беше поставена спомен плоча на македонски јазик во чест на словенските просветители, браќата Св. Кирил и Методиј. Иванов ја посети и базиликата „Сан Паоло”, каде положи цвеќе на гробот на апостолот Св. Павле.

Би можело да ве интересира

Американецот Роберт Превост е новиот папа, неговото име е Лав XIV

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Црн чад од Сикстинската капела, новиот папа се уште не е избран

А1он

(ВИДЕО) Филипинскиот кардинал кој пее и танцува е вирален хит, фаворит е за нов папа

А1он

ВИДЕО: Конклавата почнува утре, двајца фаворити за нов папа

Сите кардинали пристигнаа на конклавата за избор на нов папа, мораа да ги предадат телефоните

А1он

Трамп е критикуван поради фотографија генерирана од вештачка интелигенција на која е облечен како папа