Трет неуспешен обид да се „вдомат“ послушните обвинители

Од:

И денеска, во третиот обид, јавниот обвинител Марко Зврлевски и претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, не успејаа да изберат своите луѓе во обвинителствата.

Овој пат немало мнозинство за усвојување на дневниот ред, односно гласале помалку членови за да се смета за усвоен дневниот ред на седницата на Совет на јавни обвинители.

Советот треба да распише оглас за обвинител во Основното јавно обвинителство-Скопје, да избере и еден заменик на Зврлевски, и да назначи вд шефови до изборот на нови.

Зврлевски опстојува на ставот неговата шефица на кабинет Бисера Лазаревска, да биде избрана за Виш обвинител во Скопје. Проблем е и како да се реши случајот со Вишиот обвинител, кој си даде оставка, по, како што пишуваа медиумите, приватен скандал. Тој нема законска можност да се врати во Тетово од каде што дојде на функцијата.

Советот на јавни обвинители по трет пат не успеа да распише оглас за избор на шеф на скопското обвинителство откако истече мандатот на обвинителката Гордана Гешковска. Според Аневски, првиот заменик си ја продолжува работата, а Гешковска си се враќа во Јавното обвинителство, каде функцијата и мирувала.

Во надлежност на скопското обвинителство се предметите поврзани со насилствата во собранието од 27. април, а скопското обвинителство е под остри критики поради начинот на кој постапува токму со овие случувања.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај

Со потерница ќе се бара 18-годишниот бегалец кој ја прегази Љуба Јаковлеска

Горан Наумовски

СДСМ: Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата

Горан Наумовски

СДСМ: Обвинителството мора да постапи за спорниот тендер од 1,2 милиони евра

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството