Најк Ер Форс 1 е планетарно познат модел, а од овој месец новиот модел Најк Ер Форс 1 Ултра Флајкнит се продава во продавници ширум светот, само во бела боја.
За разлика од кожните Најк Ер Форс 1, Ултра Флајкнит е направен од лесен проѕирен материјал, а патиките истовремено се и многу удобни. Карактеристично е што само знакот од страната остана кожен.
Компанијата Најк најави дека овој модел ќе остане само во бела боја, што ќе го задржи неговиот чист и свеж изглед. Покрај тоа, ќе бидат идеални за претстојната летна сезона.
Најк Ер Форс 1 Ултра Флајкнит се достапни за купување само кај одбрани Најк продавници, но и онлајн за 180 американски долари.