Шефовите на држави и влади од НАТО на средба во Брисел

Од:

Шефовите на држави и влади на земјите од НАТО денеска ќе имаат еднодневна средба во Брисел, на која по првпат ќе учествува и црногорскиот премиер, Душко Марковиќ, чија земја во јуни и официјално станува членка на Алијансата.

Заседанието ќе биде одбележено и од присуството на новоизбраните претседатели на САД, Доналд Трамп, и на Франција, Емануел Макрон, кои првпат ќе се сретнат со своите сојузници од Алијансата. Средбата почнува во попладневните часови и ќе заврши малку пред полноќ.

Меѓу темите на средбата ќе бидат прашањата за споделениот товар за активностите на Алијансата, постигнувањето на целта за трошоците за одбрана-еднакви два проценти од БДП на државите, разработка на национални планови за реализација на овие цели.

НАТО ќе ги добие и клучевите од своето ново седиште во Брисел, претседателот Трамп ќе открие споменик посветен на чл. 5 од Вашингтонскиот договор, а германскиот канцелар Ангела Меркел ќе открие споменик со парче од Берлинскиот ѕид.

Новиот дом на НАТО ќе биде отворен врз терен, што претходно бил бојно поле, а денеска станува симбол на соработката и дијалогот меѓу сојузниците, одбележува генералниот секретар на пактот Јенс Столтенберг. Тој прецизира дека на местото на новото седиште при изградбата биле откриени четири неексплодирани бомби од двете светски војни.

Се очекува сојузниците да го изразат единството против заканата од тероризмот. Се предвидува да се разгледа идејата за приклучување на Алијансата кон меѓународната коалиција против терористите од Исламска држава, без да се разгледа испраќањето војници на фронтот, туку со намера за потесна соработка на разузнавачките, воените и силите на правдата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Лавров: Русија е подготвена за војна со НАТО на Арктикот

Шефот на НАТО ги предупреди Европа и САД

Горан Наумовски