Nokia го претстави новиот мобилен телефон кој ќе биде наменет за помалку апетитната публика.
Се работи за моделот Lumia 505 кој ќе се испорачува со Windows Phone 7.8, со кој Nokia цели кон потенцијалните купувачи на евтини Android уреди.
Мобилниот има AMOLED екрани со дијагонала од 3,7 инчи со резолуција од 480х800 пиксели, а дополнителна заштита од удари нуди Gorilla Glass.
Поседува процесор со работен такт од 800 MHz со едно јадро, камера од 8 мегапиксели, и само 256 MB работна меморија и 4 GB flash меморија. Батеријата од 1.300 mAh би требало да „издржи“ до 36 часа репродукција на музика, односно седум часа разговори.