Македонски дизајн на меѓународниот фестивал „Миксер“ во Белград

Од:

Изложба насловена „Помеѓу” на дизајн производи на шестмина млади македонски брендови во период 2016 – 2017 година ќе биде поставена од денеска до 28 мај на меѓународниот фестивал „Миксер“ во Белград.

Македонските дизајн брендови, We and Nature, Rinocca, Преплет студио, Кире Стојоски, Марија Рашковиќ и Евгенија Зафировска, застапувани од страна на дизајн центарот „Јавна соба“ ќе се претстават на пет регионални дизајн фестивали и саеми во период мај – ноември годинава, а Белград е традиционално прва наша дестинација.

Македонскиот дизајн на производ е редовно застапен на меѓународната сцена преку патувачки изложби организирани од страна на дизајн центарот „Јавна соба“. Оваа соработка иницирана од страна на два клучни регионални актери („Јавна соба“ и „Мисер“) датира од пред осум години. Дизајн организациите го насочуваат своето работење кон подигнување на нивото на соработка во регионот и на тој начин го афирмираат националниот во рамки на балканскиот дизајн како препознатлив бренд во пошироки рамки.

Регионалната размена е од исклучително значење за национален и индивидуален развој на дизајн секторот во самите земји. Докажано е дека регионалната размена стимулира зголемување на продуктивност кај дизaјнерите, но и го подигнува нивото на свест кај публика и креира здрав и свесен конзумеристички пристап кон дизајн производите, кое е многу значајно за опстојување на локалните брендови. Клучниот момент за оваа размена во Македонија е фестивалот Skopje Design Week, кој ова година ќе се реализира од 22 до 25 ноември. Земја во фокус годинава е Унгарија.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска