Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да го мине првото коло на Грен Слем турнирот во Париз на Ролан Гарос. Таа денеска загуби од холандската тенсиерка Куерин Лемоне со 2-1 во сетови (3:6; 6:3 и 6:3 во гемови).
Ѓорческа добро го отвори мечот и поведе со 1-0 откако го доби првиот сет со 6:3. Во следните два сета до 3:3 во гемови мечот беше изедначен, но потоа поискусната ривалка од Холандија ги добиваше трите гема и сетовите ги завршуваше со 6:3.
За Ѓорческа сега претстојат настапи на некои од ВТА или фјучрс турнирите на кои е пријавена.