Претседателот на Венецуела Николас Мадуро и формално презеде чекори за измена на Уставот, спротивставувајќи им се на оние кои го обвинуваат дека сака по секоја цена да остане на власт во време на политичката криза во земјата, каде во протестите досега загинаа најмалку 53 лица.
На митинг, пред илјадници приврзаници, Мадуро потпиша документ со кој формално се утврдуваат услови за избор на членови на „уставотворно собрание“, кое ќе биде задолжено да состави Предлог за нов устав. Опозицијата го обвинува Мадуро дека „уставотворното собрание“ ќе го пополни со свои приврзаници.