Бушар го пропушта „Ролан Гарос“

Од:

Канадската тенисерка Ежени Бушар ќе го пропушти Гран слемот „Ролан Гарос“, откако на вчерашниот тренинг го повреди глуждот на десната нога.

Според информациите објавени во француските медиуми, Бушар ги истегнала лигаментите и поради тоа нема да може да игра на престижниот турнир закажан за 28 мај.

Канаѓанката во моментот е на 56.позиција на ВТА ранг листата.

Токму Бушар беше една од најголемите противнички за доделување на специјална покана на руската тенисерка Марија Шарапова по скандалот со допингот.

Сега покрај Шарапова и таа нема да има можност да учествува на годинашното издание на „Ролан Гарос“ кое има награден фонд од 36 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех

Рафаел Надал ја заврши кариерата