Филипинскиот претседател Родриго Дутерте денеска воведе воена состојба на островот Минданао, каде безбедносните сили се борат против екстремистите поврзани со Исламска држава (ИД), изјави портпаролот на шефот на државата, Ернесто Абела.
– На целиот остров е воведена воена состојба, истакна Абела на прес-конференција.
Одлуката е соопштена во момент кога претседателот на Филипини се наоѓа во официјална посета на Москва.
Дутерте претходно изјави дека еден од приоритетите на неговата посета на Москва е набавка на руски бомби, кои би се користеле во борба против исламски екстремисти во јужниот дел на Филипините.