Американскиот претседател Доналд Трамп ја заврши денеска дводневната посета на Израел и замина за Рим, кој е негова следна дестинација од првата турнеја во странство како шеф на државата.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговата сопруга Сара го испратија Трамп на аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив.
Претседателот на САД, придружуван од својата сопруга Меланија, ќерката Иванка и зетот Џаред Кашнер, полета кон Европа со авионот „Ер форс уан“, каде утре има планирана средба со папата Франциско во Ватикан, а потоа ќе присуствува на форумот на НАТО во Брисел.
Неговата турнеја завршува со учество на средбата на Г-8 во Сицилија в петок и сабота.