Дебата за евроатлантскиот процес на Македонија и политичката криза

Од:

ЕУ и Германија се заинтересирани за развојот на Македонија и регионот и во нивни интерес е да има стабилност. Има голем интерес во Берлин за случувањата во Македонија и во иднина би сакала повеќе да слушам за позитивни случувања и работи, истакна германската амбасадорка во Македонија Кристине Алтхаузер на денешната дебата „Влез во Собрание, излез од криза, влез во ЕУ“, во организација на Млади европски федералисти и фондацијата „Фридрих Еберт“.

– Кога дојдов во 2014 година кризата веќе почна и цело време сум вклучена во настаните во Македонија. ЕУ секогаш беше од помош, посредуваше за договорот од Пржино и реформите. Ново поглавје сега треба да биде отворено, што ќе цели кон работа на реформите. Државата чека долго време за да почне со решавање на овие прашања и многу време беше изгубено. Според мене, сега е време да се врати на работа, изјави Алтхаузер.

Посочи дека Германија преку работата на фондациите „Фридрих Еберт“ и „Конрад Аденауер“ помага за придвижување на Македонија кон НАТО и ЕУ и оцени дека дебатата е добро темпирана и очекува жива дебата на темата.

Претседателката на Здружението Млади европски федералисти – Македонија (ЏЕФ Македонија), Сања Богатиновска рече дека од 2014 година организираат дебати на актуелни теми, кои се значајни за општеството и денешната е втората од серијата „Europe Talks” дебати во 2017 година.

– Темата за денешната дебата е резултат на долготрајно логицирање. Треба да се вратиме кон ЕУ и да ја ставиме политичката криза и младите во контекст на ЕУ. Ќе дебатираме каде е Македонија на патот кон ЕУ, какво влијание изврши политичката криза, кои настани ја влечат назад, а кои напред кон ЕУ и каде се младите во целиот овој процес, изјави Богатиновска.

Панелистите поделени во тим ЕУ, МК и тим Млади, дебатираа за тоа до каде е Македонија на патот кон ЕУ, притисокот кој го има политичката криза врз ЕУ интеграцијата, политички настани кои ја придвижуваат и оддалечуваат Македонија од ЕУ, влијанието на овие настани врз развојот на демократското општество и прифаќањето на европските вредности, како и посветеноста на европските претставници на решавањето на кризата.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел