(ВИДЕО) Шилегов: Влеговме во разговори околу составот на Владата

Од:

По изјавата, портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов одговараше на новинарските прашања.

Денес имаме ослободителни пресуди така што…?

Искрено се надевам дека никој кој учествувал во оваа партиски нарачана пресуда, нема да го доживее она што го доживеаја пратениците на СДСМ и парламентарното мнозинство на нивните работни места да бодат нападнати од толпа за да знаат дека ваквите пресуди што ги донесоа се криминал, срам и можеби еден од најцрните денови во историјата на македонското судство.

Ќе продолжат ли и денес разговорите помеѓу партии околу состав на новата Влада и дали ќе се разговара за министерските места?

Разговорите за состав на Владата знаете дека перманентно траат, во моментот кога ќе имаме информација за споделба, таа ќе биде соодветно споделена.

Денес ќе има работни групи или мандатарот ќе има средби?

Преговорите траат на сите нивоа, тоа можете да го видите и во текот на вчерашниот ден, како и во текот на денешниот ден, сите активнотсти што ќе се одвиваат, ќе ги обелодениме.

Ќе има ли приближување на ставовите, вчера и БЕСА беа тука повторно?

Мислам дека делот којшто се однесува на заокружување на принципите и начинот на функционирање на новата Влада, полека, полека, се затвора. Така што ќе влеземе во ефектуирање на разговорите, околу составот на Владата.

Дали е воопшто доведено во прашање поддршката на БЕСА за влез во Владата?

Повторно велам, штом ќе биде било која информација зрела за споделување со јавноста ќе ја споделиме. Вие сте сведоци на изјавите и на претседателот и мандатар Зоран Заев, меѓутоа и на претседателите на политичките партии којшто го поддржаа мнозинството за состав на Владата.

Дали Заев ќе оди утре во Брисел?

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и мандатар за состав на новата Влада доби лична порака од Еврокомесарот Могерини за присуство на утрешната средба којашто најпрво ќе опфаќа билатерална срдба, помеѓу претседателот Заев и Еврокомесарот Могерини и потоа заедничката вечера со Премиери од регинот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Го поддржуваме протестот и барањата на работниците

Горан Наумовски

Нелоски: Татко ми има право на приватен бизнис, фирмата никогаш не добила тендер

ВИДЕО: Тендерската мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски, тврди СДСМ

Онлајнмедиа со осуда за прес конференцијата на СДСМ: Партијата не смее да дискредитира медиуми

(ВИДЕО) Филипче: Оваа власт не ја сака Европа – сака контрола, капитал и изолација

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Медиумски октопод на Орбан како политичка алатка на ВМРО во Македонија