Израелски полицијаци нападнати на Западниот Брег за време на посетата на Трамп, убиен Палестинец

Од:

Еден Палестинец е убиен кога се обидел со нож да избоде припадници на израелската полиција на Западниот Брег, во близина на Ерусалим, во време кога американскиот претседател Доналд Трамп престојува во градот, соопштија израелски претставници.

Инцидентот се случи во областа Абу Диса, а притоа не е повреден ниту еден полицаец, се наведува во соопштението на израелската полиција.

Француските медиуми истакнуваат дека не постојат индиции дека иницидентот е поврзан со посетата на Трамп, потсетувајќи дека неколку слични напади веќе се случија во изминатите неколку месеци.

Ова, меѓутоа, не е единствениот иницидент што денеска се случи во Израел. Во центарот на Тел Авив автомобил удри во пешаци, меѓу кои неколкумина се полесно повредени, наведе ynetnews.com.

Израелската полциија соопшти дека е во прашање сообраќајна несреќа, а не напад како што на почетокот се сметаше, пренесе англиското интернет издание на израелскиот весник „Једиот Ахронот“.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот суд на правдата во Хаг бара апсење на Нетанјаху и на шефовите на Хамас

Израел тврди дека не е вмешан во смртта на Раиси

ВИДЕО: Израел напаѓа бегалски кампови во Газа

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски

Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ