А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Јовановски: Пензиите не се доведени во ризик, туку непотребните трошоци на власта

by А1он17/12/2012 - 15:17170
Share0

Претставници од Сојузот на здруженијата на пензионерите денеска добија објаснување од СДСМ за предлогот за штедење во буџетот за 2013 година, кој што веќе е доставен до премиерот и до Владата.
„Објаснивме што има во тој предлог и потенциравме дека со реализацијата на сите предложени мерки со кои што ќе се заштеди во буџетот и понатаму ги има сите предвидени пари за зголемените пензии на пензионерите. Воопшто не се ставаат во било каков ризик пензиите на пензионерите. Пари за пензиите има“, изјави потпретседателот на СДСМ, Зоран Јовановски.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Она што владата треба да го направи е да го промени своето објаснување, да биде максимално домаќинска во дадените околности. Всушност ние сакаме владата денеска да се стави во истата позиција во која се наоѓа едно просечно македонско семејство. Значи тешка ситуација, тешки услови за преживување, и во такви околности домаќинско однесување“, рече Јовановски.
Со пензионерите СДСМ разговарале и за нивниот предлог, дефинирање на пензионерска потрошувачка кошничка.

Тој изјави дека не гледа причина зошто владата да не го прифатила предлогот на СДСМ за заштеди во буџетот, бидејќи тоа, тврди Јовановски ги елиминира оние трошоци кои што се непродуктивни и кои што не се соодветни за времето во кое што живееме.

„Ние апсолутно мислиме дека со прифаќање на нашиот предлог се отстрануваат сите нејаснотии за во иднина. Во тој контекст ние не сакаме на било кој начин пензионерите и исплатата на пензиите да се доведе под прашалник. Затоа го предлагаме ова што го предлагаме. Парите за пензиите ги има во буџетот и ќе ги има, и ќе се исплатат зголемени пензии, а притоа владата ќе се откаже од она што не мора да го троши денеска“, изјави Јовановски.

Следете a1on на Youtube YouTube
sdsm

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски24/09/2026 - 11:1824/09/2026 - 11:41

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

Катерина Ѓуровски22/09/2026 - 12:18

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он20/09/2026 - 13:19

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он20/09/2026 - 11:53

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Катерина Ѓуровски16/09/2026 - 11:07

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

Катерина Ѓуровски15/09/2026 - 12:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео