ОН ја осуди последната ракетна проба на Северна Кореја и се закани со уште поостри санкции

Од:

Советот за безбедност на ОН синоќа, повторно, го осуди тестирањето балистичка ракета, и по вторпат во рок од еден месец, се закани со уште потешки санкции за Северна Кореја, јави ТАСС.

Во усвоената декларација, 15-те земји членки на Советот го нарекоа однесувањето на Пјонгјанг „дестабилизирачко, нагло и провокативно”, барајќи од Северна Кореја да се откаже од спроведувањето на ракетни и нуклеарни проби.

Советот за безбедност ќе се собере денеска зад затворени врати за да разговара за барањето на САД, Јапонија и Јужна Кореја за извршената на 21 мај пробна употреба на балистичка ракета со среден дострел.

Лично лидерот на тоталитарната земја Ким Џонг-ун, кој сам раководел со тестот, се пофали дека тоа било успешно и имало за цел „проценка на техничките индикатори на оваа оружен систем во борбени услови“.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт