Зошто на Москва и требаат талибанците?

Од:

Дојче веле – Бон

Пред 30 години Американците ги вооружуваа муџахедините да се борат против Советите, денес, тврдат некои извори, Русите ги вооружуваат талибанците да се борат против Американците, а додека ја играат таа геостратешка игра, Авганистан страда, оценува Дојче веле.

Еден од мотивите за засилениот руски ангажман во Авганистан е и загриженоста за безбедносната состојба на југот на таа земја, вели политикологот Сет Џонс:

„За Русија е важно тоа што во Авганистан и регионот делуваат повеќе милитанти групи. Во Москва внимателно се следи ангажманот на Американците и се поставува прашањето каков ефект има тоа на терористичките активности и стабилноста на руското јужно крило”.

Појавувањето на Исламската држава (ИС) во Авганистан во 2014 година во Москва предизвика страв од можност за терористички активности и на руските јужни граници. Поради успехот на талибанците во јужен Авганистан од припадниците на ИС и нивните упорни борби против ИС во други делови на земјата, талибанците за Москва се потенцијални сојузници, смета Сет Џонс.

Дојче веле наведува дека американскиот претседател Доналд Трамп, со оглед на загрижувачката безбедносна состојба во Авганистан, сигурно ќе попушти на притисоците од својот воен врв кој бара зголемување на бројот на американските војници во таа земја.

За сега се зборува за дополнителни 3 до 5.000 војници. Моментално во Авганистан во рамки на мисијата „Одлучна поддршка” се стационирани 8.400 американски војници, какои и 5.000 војници од НАТО.

Во преодниот период меѓу мандатот на Обама и Трамп, американската стратегија за Авганистан беше нејасна, констатира Дојче веле и додава дека се случувало тоа на кое критичарите предупредувале со години, дека нема вистински мировен процес, ниту пак талибанците воени се поразени. Маратонската интервенција по 16 години всушност не го променила односот на силите во земјата.

Бидејќи во политиката не може да има вакуум, американската неодлучност и одеше во корист на Москва. На неколку регионални конференции за Авганистан на кои учествуваа регионални сили како Пакистан, Индија и Кина, Москва се обиде да се позиционира како мировен посредник.

Русија има намера да го направи тоа што САД одамна неуспешно се обидуваа: да ги вклучи талибанците во мировниот процес. За возврат Москва се залага за намалување на меѓународните санкции на лидерите на тие фанатични бунтовници, ако бидат подготвени на соработка.

Американците по природа се со сомнежи кога станува збор за руските потези во Авганистан.

Американскиот министер за одбрана Џемс Матис кон крајот на април при ненајавена посета на Кабул изрази длабока загриженост поради извештајот за руските испораки на оружје на талибанците.

Конкретниот бил од неименуван припадник на американската војска кој за новинарската агенција АП рекол дека Русија на талибанците во покраините Хелманд, Кандахар и Урусган доставува автоматски пушки и лесно оружје, а рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров обвиненијата ги отфрли како неосновани.

Прашањето е: што се крие зад наводните руски испораки на оружје на талибанците, наведува Дојче веле и ги пренесе зборовите на Сет Џонс, директор на Центарот за безбедносна и одбранбена политика, кој делува во рамките на RAND Corporation кој тесно соработува со Пентагон, кој вели:

„Таквите изјави, посебно ако доаѓаат од високи владини претставници, мора да бидат проверени од страна на тајните служби кои ги користат сите извори кои ги имаат на располагање”. Од друга страна овој службеник предупредува дека Русија пребрзо е идентификувана како значаен испорачател на оружје на талибанците.

Талибанците добиваат оружје и друг вид на помош од многу други извори, државни и недржавни. Во тој контекст руската поддршка, било да станува збор за убиствено оружје или некое друго, е многу ограничена.

Џонс верува дека се работи за полесно вооружување: Врз основ на историското искуство, испораката на ефективно оружје како што се ракети земја-воздух на такви групи е чист автогол. Мислам дека секој потенцијален доставувач на оружје добро ќе размисли за квалитетот и квантитетот на испораката на оружје на талибанците.

Би можело да ве интересира

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа