Само две недели физичка неактивност се доволни да се зголеми ризикот од хронични болести како што се дијабетис од типот 2 и срцеви болести, пишува „Медикал“.
Кај групи млади, здрави и физички активни лица кои биле физички активни по препорака, само две недели со пасивност и седење резултирале со мало, но забрзано намалување на мускулната маса и зголемување на телесните масти, што докажано може да го забрза развојот на хронични болести, а потенцијално може да доведе до прерана смрт.
Две недели неактивност кај учесниците на студијата предизвикало дебелеење, успорување на метаболизмот и забрзано губење на мускулната маса. Освен тоа, кардиоваскуларната кондиција драстично им паднала, па не можеле да трчаат подолго време со истиот интензитет како пред студијата. Водачот на студијата доктор Ден Катбертсон и неговите соработници од Универзитетот во Ливерпул, ги презентирале своите сознанија на конгресот за дебелина во Португалија.
Совет е возрасните лица од 18 до 64 години да имаат барем 150 минути умерена или 75 минути интензивна физичка активност неделно.
Податоците од Американскиот центар за контрола на болести и превенција, покажуваат дека помалку од 50 проценти возрасни ги почитуваат тие препораки. Недостигот на редовна физичка активност е клучно за дебелината. Тоа води кон дијабетис од типот 2 и срцеви болести, па и некои видови на карцином. Недостигот на активност влијае и на здравјето на коските и мускулите. Научниците утврдија дека двонеделното мирување довело до мало но значајно зголемување на телесните масти.
Салото се таложи околу половината, што е сигурен знак за хронични болести. Научниците велат дека нивното истражување укажува на исклучителна важност на редовната физичка активност и избегнување на подолги периоди на седење