Сојуз за иднината: Победата над Талески ќе биде најслатка!

Од:

Откако Сојузот за иднината го објави својот кандидат за градоначалник, Менде Диневски, ДПМНЕ во паника цели три месеци калкулираа, мереа, премеруваа, де независен – де непартиски, вртеа сучеа и пак Талески.

После објавата дека ДПМНЕ за свој кандидат за градоначалник на општина Битола го кандидира Владимир Талески, Груевски и ДПМНЕ конечно признаа дека се во кадровска, морална и политичка криза.
Се потврди дека нивното членство е само заложник на интересите на една врхушка чија цел е само да се збогати на терет на граѓаните.

Замислете ДПМНЕ за свој кандидат за градоначалник го кандидира истот Талески чие владеење резултираше со:

  • Аздисан непотизам;
  • криминал и кривични пријави во високото партиско раководство;
  • задолжена локална самоуправа и јавни претпријатија;
  • училишта без греење со блокирани сметки и догуша во долгови;
  • никаков економски напредок и опустошена стара чаршија;
  • невиден арач врз битолчани;
  • спорт на колена и уништени спортски објекти;
  • двојно поскапена вода и зголемени комунални давачки;
  • изрешетени, непроодни улици и уште куп нереализирани ветувања.

Потрошени 8 години на битолчани и 200 милиони евра од нивниот џеб, се превисоко платена цена за денешната состојба на нашиот град.

И покрај сите негови лаги и лажни ветувања, небулози и промашувања Талески бесрамно бара трет мандат. Ако тој не знае за доста, битолчани знаат и нема да му дозволат 12 години да си поигрува со судбината на овој град.

Сојузот за иднината му ја честита кандидатурата на Талески и го изразува своето задоволство што на локалните избори во 2013 година ќе има можност да го порази вистинскиот виновник за она што му се случи на Битола – Победата врз него ќе биде најслатка – тоа ќе биде и победа врз погубните политики на Груевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се препозна како „талогот“ и работи во координација со странски центри

(ВИДЕО) Борозан: Власта си игра со здравјето на луѓето – водата во Гостивар не е ниту за капење, а камоли за пиење

СДСМ: Муцунски води тајни разговори за иднината на Македонија

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија, сите што не мислат како него ги нарекува „талог“

(ВИДЕО) Филипче од Крушево: Македонија не смее да биде држава во која водата за пиење е опасна

А1он

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски