Во среда со полиција и извршители борците ќе бидат исфрлени од просториите

Од:

Доколку до среда не се иселат, борците со извршители и полиција  ќе бидат исфрлени од просториите од „ Домот на воени инвалиди“.

„И покрај недобиените одговори од Апелационен суд, Републичкиот судски совет и Комората на извршителите да биде одложено иселувањето на Сојузот до дочекот на крајот на судењата, добивме известување доколку до утре не ги напуштиме просториите и ги предадеме на Сојузот на воени инвалиди, ќе бидеме присилно иселени со асистенција на полицијата“, вели  Петар Карајанов, член на Управниот одбор на Сојузотна борците.

На 19.( среда),  во 10 часот, Сојузот  организира протестен марш по улиците на Скопје, кој ќе помине покрај Собранието, а ќе заврши пред Владата.

Борците со ова сакаат да   го изразат незадоволството од, како што велат, политизираните одлуки на судството и неморалните процеси.

 

Би можело да ве интересира

Во Сирија до сега загинале 93 косовски државјани, таму се наоѓаат уште 65 лица

Сојуз на борци: Безбедносниот систем на државата е во целосен распад

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Борците бараат Коце Трајановски да го врати споменикот на паднатите скопјани

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Борците дискриминирани, власта се плаши од вистината

Ана Ололовска

За Сојузот на борци нема место во одбележувањето на 11 октомври

Емир Латифовиќ

ФОТО: Поддршка од борците за Жерновски

Ана Ололовска