Берлин го предупредува Трамп за последиците од даночните реформи

Од:

Германската централна банка денеска предупреди дека даночните реформи предложени од новата американска Админитрација ќе бидат штетни за економијата на САД на долги патеки, јави дописникот на МИА од Берлин.

Според анализите на германската Бундесбанк даночните реформи на Трамп можат да нанесат сериозни штети на економијата на САД и за 30 отсто да го зголемат долгот пресметан во однос на БДП за една декада.

Овие предвидувања, кои се сметаат за невообичаени затоа што германските финансиски власти ретко коментираат состојби во други земји, се содржани во месечниот извештај на Бундесбанката објавен денеска и кој доаѓа во време на сериозни тензии меѓу Вашингтон и Берлин во врска со германскиот трговски суфицит на кој се жалат САД.

Бундесбанката во своите анализи се водела од најавите на Вашингтон дека ќе ги намали корпоративните даноци од 35 на 15 проценти и ќе намали некои од даноците на приходи. Предлогот на Трамп допрва треба да биде усвоен во Конгресот на САД.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак