А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Делегација од градот Новогард од Полска во посета на Велес

by А1он22/05/2017 - 16:04148
Share0

Делегација составена од ученици и наставници од училишниот центар „Станислав Сташица“ од градот Новогард од Република Полска, од денеска се во посета на Општина Велес. Посетата е дел од соработката со збратименото ССОУ „Коле Неделковски“ од Велес.

Добивај вести на вибер

Тие остварија средба и со градоначалникот Славчо Чадиев, кој истакна дека целта е подобра соработка меѓу двете земји посебно меѓу младите, а им посака пријатен престој и подобро да го запознаат Велес и неговите граѓани.

-Сакам да направите добри спомени со кои ќе се вратите дома. Ваква посета на ученици од Полска се реализира по седми пат и задоволство ми е да оценам досега немало никави проблеми и очекувам така и да остане, истакна Чадиев.

Како што информираат од Општина Велес соработката со Новогард која трае осум години вклучува посета на учениците од Полска во Велес и обратно.

Освен училиштата таа се прошири и помеѓу Општина Велес и Полскиот град Новогард, како и Вардарскиот плански регион и регионот Голенов.

Истовремено со оваа посета ученици од ССОУ „Коле Неделковски“ деновиве се во Полска. Како што истакнуваат од Општина Велес, една од главните цели на оваа соработка е унапредување на наставниот процес и примена на добрите образовни практики.

veles

Би можело да ве интересира

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско

Катерина Ѓуровски05/11/2025 - 08:24

(ВИДЕО) Скандал во Велес: Цеца исвиркана откако подигна бугарско знаме

Катерина Ѓуровски01/11/2025 - 11:5201/11/2025 - 12:03

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски27/10/2025 - 07:4627/10/2025 - 10:36

69 болни и немоќни лица денеска гласаат во Велес

Горан Наумовски18/10/2025 - 12:1218/10/2025 - 13:00

Каранфилова Пановска: Во центарот на програмата на СДСМ и Маја Хеско за Велес се граѓаните и нивните потреби

Горан Наумовски10/10/2025 - 13:06

Филипче од Велес: СДСМ имаше пет иницијативи за раст на платите, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите

Предраг Петровиќ04/10/2025 - 20:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен