Шојбле: Грчките мерки за штедење се на вистинскиот пат

Од:

Мерките за штедење што ги презеде Атина се чекор во вистинската насока, изјави денеска во Берлин германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле во пресрет на средбата со неговите колеги од Еврозоната во Брисел, на која е можно да биде постигната спогодбата за новото финансирање на Грција.

– Одлуката од Владата и Парламентот (на Грција) се значајни и се во вистинската насока, изјави германскиот министер за финансии на заедничката прес-конференција во Берлин со францускиот министер на економија Бруно ле Мер.

– Структурните реформи се од решавачко значење за подобрувањето на грчкиот раст, дополни Шојбле.

Оваа изјава Шојбле ја даде пред денешната попладнецна средба во Брисел на 19-те министри за финанси од Еврозоната и на претставници на Меѓународниот монетарен фонд, кои се вклучени во третиот план за помош на Атина во вредност од 86 милијарди евра, што беше донесен во јули 2015 година.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Силен земјотрес во Грција

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени