По втор пат распишан конкурсот за избор за најдобра фотографија со мотиви од Куманово

Од:

Општина Куманово по втор пат го распиша конкурсот за избор за најдобра фотографија со мотиви од Куманово – „Мое Куманово“.

Конкурсот се распишува бидејќи на првиот оглас не се пријавиле доволен број заинтересирани учесници, соопштија надлежните од одделението за локален економски развој од oпштината. Kонкурсот се распишува врз основа на програмата за општа туристичка пропаганда и за подобрување на условите за престој на туристите во Општина Куманово.

Општината ги поканува сите заинтересирани професионалци и аматери да се пријават со свои авторски фотографии согласно утврдените критериуми. Фотографиите треба да бидат со мотиви од Општина Куманово, панорамски фотографии, ноќна фотографија , знаменитости, занаетчиство, инфраструктура, јавни објекти, манифестации, спортски и културни настани. Еден автор може да достави и повеќе од една фотографија.

На конкурсот ќе бидат доделени три награди за најдобра фотографија од 15.000, 10.000, и за трето место 5.000 денари. Фотографиите треба да се достават во затворен плик, најдоцна до 5 јуни, годинава.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра