СДСМ: Митрески не ги слуша маките на жителите на Ѓорче Петров

Од:

Две години, градоначалникот на општина Ѓорче Петров не реагира на повиците на жителите на истоимената улица како и општината, кои постојано се жалат од загрозената сообраќајна безбедност која царува на оваа општинскаа улица, изјави Ивана Вучковиќ, од Општинската организација на СДСМ од Ѓорче Петров.

– Денес, повикуваме да се превземат итни мерки за подобрување на безбедноста на сообраќајот на главната улица Ѓорче Петров, која е поврзана со автопатот Скопје-Тетово, а воедно е и влез на Скопје, преку општината Ѓорче Петров и населенто место Дексион. Го потсетуваме Градоначалникот Сокол Митровски дека во вечерните часови оваа улица изгледа како тркачка патека, која предизвикува сообраќајни незгоди во кои има тешко повредени возрасни лица, млади и деца, а притоа нема никакво присуство на сообраќајната полиција – изјави Вучковиќ.

Таа посочи жителите на оваа улица, бараат од Градоначалникот на општината и Министерството за внатрешни работи да го вратат мирот, спокојноста и безбедноста на граѓаните во овој дел на општината.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Дата-центрите ризик за водата, струјата и сметките на граѓаните

СДСМ оддаде почит на македонските бранители кои загинаа кај Карпалак

Горан Наумовски

СДСМ: Дали и Савески е на екскурзија?

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Власта е исплашена, посегна по децата, организаторите и напаѓачите мора да одговараат

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што по налог на Мицкоски ги нападнаа младите во Ново Село

Горан Наумовски