(ВИДЕО) Груевски пречекан со аплауз во филхармонија, не одговори дали ќе се повлече од лидерската позиција

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски беше пречекан со аплауз на отварањето на филхармонијата, откако доцнеше 30 минути. Настапот на музичарите не започна до неговото влегување, а министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска не влезе додека не се појави лидерот на нејзината партија.

Груевски за медиумите не сакаше да одговори дали ќе се повлече од лидерската позиција во партијата, а само кратко одговори дека купил карти за да влезе на настанот иако ниту тој ниту неговата сопруга не покажаа билети на влез во салата.

Претходно, Груевски во изјава за медиумите рече дека нема намера да се повлече од јавните настапи на кои се однесува како да е премиер на државата бидејќи проектите на чии отварања тој секојдневно присуствува биле заслуга на ВМРО-ДПМНЕ.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

СДСМ: Сиљановска е во улога за спас на Никола Груевски и Христијан Мицкоски?

Горан Наумовски

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Филхармонија најави уште една возбудлива музичка сезона со врвни диригенти и солисти