Претседателот Трамп и членовите од неговата администрација учествуваа во традиционален танц со мечеви во Саудиска Арабија.
Државниот секретар Рекс Тилерсон и министерот за комерција, Вилбур Рос беа снимени како ги вкрстуваат мечеви со другите саудиски танчери. Според извештаите и видеата кои што се појавија на интернет, во танцот се вклучиле и Доналд и Иванка Трамп кои танцувале и се смееле.
Танцот се одржал пред историскиот центар на Кралот Абдулазиз, пред банкет-вечерата за Трамп и кралот Салман.