(ВИДЕО) Велески: Ристески нема усул, ама прилепчани имаат разум

Од:

Сашо Велески од Општинската организација на СДСМ од Прилеп денеска јавно праша како може Марјан Ристески, и после осум години како Градоначалник и потрошени над 100 милиони евра, да бара трет мандат. – Зарем нема усул овој човек? Вети десетици нови фабрики со илјадници нови работни места во слободната зона „Алинци“ до крајот на неговиот втор мандат. Каде се? Зоната е сеуште празна нива. Можеби заедно со премиерот Груевски, на три месеци пред избори ќе ги донесат инвеститорите.

Вети поддршка за изградба на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“. И од тоа нема ништо. Само неколку пропаднати тендери. Уште една голема лага. Вети, изградба на прочистителна станица со реконструкција на коритото од градска река. Нема ништо од тоа, чекаме почеток 3 години! Каде е ветената нова автобуска станица? На брзина го распродаде само земјиштето и објектот на непозната фирма. Потроши 50.000 евра на Туристички воз, а прашање е дали истиот вреди 5.000 евра, тврди Велески.

Јавните претпријатија за прв пат од нивното постоење, работат со загуби, а за прв пат Општината ја задолжи со милионски кредити, нагласи Велески.

– Невработеноста во градот ја донесе на рекордни скоро 40 проценти. После сето ова Марјан Ристески бара трет мандат. Замислете сака 12 години да биде на власт во Прилеп. Малку му беше се досега, сака уште, или го натераа – тврди Велески.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ