Кошаркарската Евролига е пред самиот крај. откако денеска на завршниот „фајнал-фор“ турнир, што се одржува во Истанбул, ќе се одиграат последните две средби.
Во „малото финала“, односно дуелот за третото место, ќе играат двете првопласирани екипи од регуларниот дел на сезоната, се уште актуелниопт првак ЦСКА Москва и мадридски Реал. Почетокот на натпреварот е од 17 часот.
Во битката за титулата ќе се сретнат домаќинот Фенербахче и атински Олимпијакос.
За турската екипа ова е второ финале во Евролигата, во кое ќе атакува на прва титула. Доколку Фенербахче успее да ја освои шампонската титула, тоа воедно ќе значи и трет шампионски трофеј за поранешниот македонски репрезентативец Перо Антиќ, кој како играч на Олимпијакос има два трофеи.
Финалниот меч во Евролигата меѓу Фенербахче и Олимпијакос ќе започне од 20 часот.