Јапонија денеска остро го осуди најновото севернокорејско лансирање на ракета, истакнувајќи дека Токио не може да ги толерира провокациите кои се повторуваат.
Главниот секретар на јапонскиот кабинет Јошихилде Суга истакна дека ракетата е истрелана околу 16.59 часот по локално време, од западниот крејбрежен дел на Северна Кореја кон Јапонското Море.
Суга додаде дека ракетата веројатно паднала надвор од ексклузивната економска зона и не направила никаква штета врз бродовите и авионите.