Во Македонска Каменица по шести пат ќе се одржи манифестацијата „Бабина баница“

Од:

Манифестацијата „Бабина баница“ што традиционално се организира на локалитетот Еленец кај Македонска Каменица, годинава ќе се одржи на 11 јуни.

Манифестацијата годинава се одржува по шести пат, а е во организација на Здружението на пензионери од Македонска Каменица и КИЦ „Романса“.

Претседателот на Здружението на пензионери од Македонска Каменица, Видан Конески истакна дека подготовките за манифестацијата се при крај, а се очекува годинава да се сруши рекордот на посетеност и на Еленец да дојдат над 10 илјади гости.

– Манифестацијата има за цел да го промовира стариот начин на подготовка на баници под вршник на отворено. На Еленец се месат, сукаат и печат баници, онака како што тоа го правеле нашите предци, а највредните домаќинки кои ќе направат највкусна баница, добиваат награди. Исто така, на сцената на отворено ќе има настап на музички групи, односно презентација на изворна музика и инструменти, рече Коневски.

Тој ги покани сите здруженија на пензионери од државата и заинтересирани граѓани да се вклучат во манифестацијата.

Манастирско-туристичкиот комплекс Еленец, каде е сместен и манастирот „Покров на Пресвета Богордица“, се наоѓа на 15 км од Мкедонска Каменица. Овој комплекс последните години е таргет на Општина Македонска Каменица за развој на туризмот.

Би можело да ве интересира

Атанасовски: Пожарот во селата Цера и Пресека повторно надвор од целосна контрола

Лукаревска од Македонска Каменица: На 8 мај гласајте за силен СДСМ, сега е најважно да не се враќаме назад

А1он

Од понеделник во училиштата во Македонска Каменица ќе се интонира државната химна

Загина моторциклист во близина на Македонска Каменица

Пријава за поткуп за глас во Македонска Каменица

А1он

Сообраќајот кон Делчево и Каменица се пренасочува поради одрони

Жарко Настоски