Трајановски: Верувам во уште една изборна победа

Од:

Актуелниот скопски градоначалник, Коце Трајановски денеска официјално ја објави својата кандидатура и ги објави приоритети за Скопје.

Трајановски верува во уште една изборна победа, а главна цел, во следниот мандат ќе му биде да продолжи да работи со исто темпо и да ги реши скопските сообраќајни проблеми.

„Сообраќајниот метеж ќе се решава со кружни текови. Овој град ќе добие и подземната сообраќајница од Владата до Комплексот банки. Скопје ќе добие модерен Луна Парк, а значително ќе се подобри и комуналната хигиена, сообраќајниот метеж во општините, а многу ќе и се посветиме на културата, спортот, образованието и социјалната заштита“, рече Трајановски.

Тој се обврза, дека на граѓаните на Скопје им го нуди она што навистина го заслужуваат.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство

Син уби татко во Скопје

А1он