СДСМ работи на активно учество на жените во политиката

Од:

Започна првиот семинар од третата генерација на Школата за женски активизам на којашто се обратија генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски и координаторката на Форум на жени на СДСМ, Цветанка Ласкова.

Генералниот секретар во своето обраќање го поздрави учедтвото на избраните учеснички, нагласувајки ја важноста за учеството во школата за женски активизам што придонесува за поголемо вклучување на жени во политиката.

Школата за женски активизам е образовен проект што претставува академски курс и тренинг за развивање и воспоставување стандарди за родова еднаквост, организиран од Форум на жени на СДСМ во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Со овој проект СДСМ ја потврдува определбата за активно учество на жените во политиката.
По изминати две успешни генерации, оваа година интересот за учество во трета генерација порасна на над 100 апликации од кои се избрани 24 учеснички.

Првиот дводневен семинар и оваа година се одржува во хотел „Дрим” во Струга.

Би можело да ве интересира

Опозицијата тврди: Наместо економски напредок, Македонија се соочува со стагнација

Мицкоски ги прекори опозициските партии дека и по неколку дена не усогласиле став за Изборниот законик, СДСМ експресно му одговори

(ВИДЕО) Кузеска: Владата ги излажа пациентите – лекот „Фостер“ поскапе, бесплатениот го нема во аптеки

СДСМ: Се разоткри вистинската цел на власта околу измените на Изборниот законик

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски не се откажува од изборен грабеж, гласањето по пошта е само новиот обид за манипулација

(ВИДЕО) Костадиновска Стојчевска: Законот за македонскиот јазик две години не се спроведува, по иницијатива на СДСМ конечно започна надзорна расправа

Горан Наумовски